Се чини дека ЕУ е пред тешко искушение да ја осигура обединетоста на Унијата која ја ветуваше идајата за Шенген од далечните 80-ти години / Photo: ТРТ Балкан

„Десет години по првите патувања на Запад, во студена декемвриска ноќ во 2007 година, луѓето се собраа на мостот на реката Одра, кој ги поврзува Германија и Полска. Студот никого не обесхрабри бучно да го слави стапувањето на сила на Шенгенскиот договор, со кој се отстранија внатрешните граници на Европа и се дозволи движење без пасоши. Беа интонирани химните на двете земји и на ЕУ. Исечена е бодливата жица и отстранети се граничните бариери.

По вонредната одлука на Германија за повторно воведување гранични проверки се чини дека тие врати повторно се затвораат. Додека ЕУ постепено престанува да ги исполнува своите ветувања за подобра иднина, оваа одлука е горчлив потсетник на нашето минато и на илузиите од минатото“, пишуваат во колумна за Гардијан историчарката Каролина Вигура и Јарослав Куис, политички аналитичар и уредник на полскиот неделник Култура Либерална.

Како ветената земја за имигранти преку ноќ стана држава која може да го урне системот на солидарност граден со децении и најголемата безгранична зона во светот Шенген?

Политика на отворени врати

Германија со години го градеше имиџот на држава пријател на мигрантите, но сегашноста вели нешто сосема спротивно, иако, мигрантите во голема мерка влијаеа врз создавањето на имиџот, но и фактот за Германија како економски гигант.

Германската влада предводена од Олаф Шолц, човекот кој не само што помина со години бранејќи ги миграциските политики на Германија на отворени врати, туку беше и во голема мера одговорен за нив, од 16 септември воведе привремени гранични контроли врз целата своја граница и го го суспендираше Шенген со нејасни долгорочни последици за целосниот систем на ниво на ЕУ.

Екпертите сметаат дека оваа одлука е набрзина донесена од коалициската влада предводена од социјалдемократите по подемот на екстремно десничарската партија Алтернатива за Германија (АфД) на регионалните избори.

Во 2015 и 2016 година, Германија прими околу 1,5 милиони бегалци и мигранти, главно од Блискиот Исток / Photo: AP AP

„Генерално овие мерки се силен удар врз основните принципи на кои почива правото на ЕУ а тоа се слобдата на движење на стоки услуги луѓе и капитал. Во прв бран ќе настрадат голем број на бизниси кои зависат од овие слободи особено во пограничните места каде Германија ги имплемнтира овие мерки. Факт е дека Германија не е прва држава која ги суспендира, ама факт е дека таа е сериозен „тешкаш“ во легитимитетот и во одржлиоста на шенгенен мерките. Сепак, ЕУ дозоволува контрола на границите за да се канализира протокот на движење од безбедносни приучини. Дел од политичарите во ЕУ не се согласуваат со ова и сметат дека тоа е прекршување на правото на Унијата, изјави за ТРТ Балкан Методи Хаџи Јанев, универзитетски професор и придружен професор на Државниот универзитет во Аризона, САД.

Лоша и ризична стратегија

Според него, критиките укажуваат дека мерките кои Германија ги применува се резултата на полтичкиот притисок дома од десничарските елити, кои започнаа да ги освојуваат срцата на гласачите и кои заземаат замав заради незадоволството кое политиката за прифаќање на мигранти го предизвика.

„Иако Германија има своја логика и реторика за мерките, гледано во перспектива на тоа и дека други земји имаат слични мерки во ограничена смисла на одредени премини, се чини дека ЕУ е пред тешко искушение да ја осигура обединетоста на Унијата која ја ветуваше идајата за Шенген од далечните 80-те години.

Ова заедно со претходните случаи на мигрантската криза од 2015 година како и крахот на солидарноста во првите денови од КОВИД-19 кризата, покажуваат дека наместо интергативните и паневропските политики, националистички ориентираните политики (секако не во екстремна смисла) и полтиките кои се блиски до „real - politic“ матрицата на класичен реализам и интерес, превовладуват помеѓу политичките елити што се рефлектира во носењето на вакви одлуки“, смета Хаџи Јанев.

Високиот експерт за миграција Гералд Кнаус, ко-основач на берлинскиот тинк-тенк Европската иницијатива за стабилност (ЕСИ) смета дека одлуката на Германија за повторно воведување гранични контроли нема да ја запре илегалната миграција и создава ризик од поткопување на единството и соработката во Европската унија.

Екпертите сметаат дека оваа одлука е набрзина донесена поради подемот на екстремнара десница /Photo: AA AA

„Сегашната стратегија не води кон солидарност. Ова не води до поголема контрола. Ова го става на ризик постигнатото, што е најголемата област без граници во светот меѓу многу суверени земји. Тоа беше големо достигнување. Ова е многу важно за луѓето и за економијата, а тоа се става на ризик преку оваа лоша стратегија и лоши закони и лоши компромиси на ниво на ЕУ. Германија не е првата земја која всушност почна да го прекршува правото на ЕУ, но сега размислува за мерки кои би ја продлабочиле оваа криза, а не би ја решиле“, предупреди Кнаус во разговор со Анадолу Агенција.

Во 2015 и 2016 година, Германија прими околу 1,5 милиони бегалци и мигранти, главно од Блискиот Исток,кои беа пречекани на железничките станици со натписи „добредојдовте“, а многу Германци беа горди зошто земјата и пружи безбедно засолниште.

„Секогаш бевме земја на имигранти и тоа не направи силни“, вели германскиот комесар за интеграција Рим Алабали-Радован.

Според неа, имиграциската историја на Германија е многу разновидна.

„Таа се состои од бегалци од Втората светска војна, гости и привремени работници, преселени етнички Германци и бегалци од поранешна Југославија, а подоцна и од Сирија и Авганистан“, вели Радован.

Учеството во работната сила е главна карактеристика за успешна интеграција, покажа неодамнешното истражување на Организација за економска соработка и развој (ОЕЦД), нарачано токму од Радован.

Земја на имигранти

Истражувањето покажува дека 70% од оние кои доаѓаат во Германија нашле вработување. Таа бројка, која привремено се намали за време на пандемијата на коронавирус, е повисока отколку во речиси сите други земји на ЕУ и е рекорд за Германија.

„Сега има повеќе од 14 милиони имигранти во Германија. И кога ќе ги додадеме оние што се родени овде со родители имигранти, тоа значи дека еден од пет луѓе овде се или родени во странство или родени во Германија од родители имигранти“, велат од ОЕЦД.

Институтот за истражување на вработувањето во 2022 година ги процени слободните работни места во Германија на рекордни 1,93 милиони или 66 % повеќе од претходната година / Photo: Reuters Reuters

На Германија, сакала таа или не, ѝ се неопходни мигрантите, потврдува и статистиката.

Институтот за истражување на вработувањето, владина агенција во 2022 година ги процени слободните работни места во Германија на рекордни 1,93 милиони или 66 % повеќе од претходната година.

Според Институтот ифо, тинк-тенк од Минхен, истата година 49,7 отсто од германските компании не можеле да обезбедат доволно квалификувани работници, што е зголемување од 30 отсто од 2019 година и највисоко ниво од почетокот на истражувањата во 2009 година.

Националната агенција за статистика се согласува, предвидувајќи дека без имиграција, германското население би можело да падне за речиси 25% во следните 40 години, од 85 на 65 милиони.

Ова би го оптоварувало не само продуктивниот капацитет, туку и способноста на земјата да ги поддржи старите лица.

Но не е само Германија, Европа дополнително се затвора кон нерегулираната имиграција. Шведска планира да го зголеми надоместокот за доброволно заминување на мигрантите на 30.000 евра од 2026 година, за оние кои немаат работа и не се интегрираат. Паричниот бонус е само една мерка во рамките на бројните измени на законот за азил што владата ги спроведе или сè уште ги планира.

Холандија сака да воведе еден вид вонредна состојба па бара од Европската комисија да ги изземе од политиката на Унијата за азил и миграција.

Низ Европа, граничните контроли ги зајакнуваат десничарските или центристичките влади во страв од зајакнување на екстремната десница.

По терористичките напади во 2015 година, Франција повторно ги воведе граничните контроли - и оттогаш во голема мера ги одржува. И Данска ги контролира границите од 2015 година.

Италија го гради првиот прифатен центар за мигранти во Албанија. Во јуни, Италија најави продолжување на граничните контроли со Словенија најмалку до декември. Владејачките партии победија на изборите пред две години со ветување дека ќе обезбедат значително помалку луѓе да дојдат во Италија.

TRT Balkan
Популарни