Германската влада објави дека во земјата има недостиг на антибиотици за децата и вети дека ќе ги преземе неопходните чекори за решавање на проблемот.
Во обраќањето на прес-конференцијата во Берлин, портпаролот на Министерството за здравство Себастијан Гулде рече дека Министерството ги информирало регионалните власти за проблемот.
Тој додаде дека ги започнале потребните механизми во рамките на системот за рано предупредување, а локалните власти сега ќе можат пофлексибилно да реагираат и да купуваат антибиотици од странство на небирократски начин.
Водечкиот медицински синдикат претходно предупреди на акутен недостиг на антибиотици за децата во Германија и повика на итни чекори за справување со проблемот.
„Децата на кои навистина им е потребен антибиотик понекогаш не можат да го добијат“, изјави за германските медиуми Јакоб Маске, портпарол на синдикатот на педијатри БВКЈ, додавајќи дека ситуацијата е „многу загрижувачка“.