Германските гиганти го намалуваат производството поради скапиот гас     Фото: Ројтерс

Германскиот BASF, најголемата светска хемиска компанија, разгледува намалување на производството на амонијак поради цените на природниот гас, а потенцијалните последици ќе ги почувствуваат многу сектори, од земјоделството до индустријата на газирани пијалаци.

Најголемиот германски произведувач на амонијак SKV Pisteric и четвртиот Инеос исто така соопштија дека не можат да исклучат намалување на производството бидејќи земјата се бори со проблеми со испораките на рускиот гас.

Амонијакот има клучна улога во производството на ѓубрива, инженерска пластика и течности за намалување на издувните гасови од дизелот. Со негово производство исто така се добива јаглерод-диоксид со висока чистота (CO2) како нуспроизвод, кој е потребен во месната индустрија и индустријата за газирани пијалаци.

За разлика од многу европски земји, Германија нема пристанишни терминали за течен природен гас (LNG) кој би го заменил рускиот гас од гасоводот. Тоа значи дека компаниите се под политички и комерцијален притисок да ги намалат гасно интензивните активности доколку испораките на природен гас и понатаму се намалуваат.

BASF во септември го намали производството на амнонијак во своето седиште во Лидвигшафен и во својот голем хемиски комплекс во Антверпен во Белгија. Веќе намалената стапка на производство би можела дополнително да се намали, но компанијата прво внимателно ќе ги испита негативните ефекти.

Од BASF за Ројтерс изјавија дека ќе продолжат да ги подмируваат своите интерни потреби за амонијак и екстерната побарувачка од купувачите, но одбија да ги откријат стапките на искористување на постројките.

Произведувачот на ѓубрива Јара, кој има трета по големина фабрика за производство на амонијак во Германија, во градот Брунсбутел на северот на земјата, соопшти дека нивното производство ширум Европа моментално е за 27 отсто под капацитетите поради скокот на цените на гасот.

Компанијата SKV наведува дека е во процес на обновување на полното производство по планираното стопирање на работата поради ремонт, но дека идната стапка на искористеност на капацитетите е исклучително тешко да се предвиди.

Хемиските компании се најголеми индустриски потрошувачи на природен гас во Германија, а амонијакот е единствено гасно-интензивен производ во таа индустрија.

Компаниите кои го намалуваат производството на амонијак можат да изгубат пазарен удел поради увоз од странски добавувачи кои имаат пристап на евтин гас или Германија би можела да прифати исплата на компензации во рамките на потенцијална програма на рационализација на гасот за да ги поттикне произведувачите брзо да го намалат производството за да се врамнотежи намаленото снабдување.

Русија продолжи на 21 јули со достава на гасот во Европа преку својот најголем гасовод, Северен тек 1, по 10-дневниот прекин поради годишното одржување, но Гаспром во понеделникот соопшти дека испораките за Германија ќе паднат на само 20 отсто од капацитетот бидејќи, поради сервисирање, ќе запрат уште една турбина.

Дури и пред војната во Украина, намаленото производство на амонијак поради скокот на цените на природниот гас во Британија минатата година предизвика недостаток на CO2 во месната индустрија и индустријата на пијалаци. Тоа ја принуди владата во Лондон во септември да пружи финансиска поддршка на произведувачот на амонијак, компанијата CF Indastris, повторно да го покрене производството.


Во нормални времиња, производството на амонијак учествува со околу 4,5 отсто во потрошувачката на природен гас во германската индустрија.

Tanjug
Популарни