Годишнина од смртта на Ева Перон, некогашната прва дама на Аргентина / Photo: AA

Изминаа 71 година од смртта на Ева Перон, некогашната прва дама на Аргентина.

Нејзиниот живот, кој беше инспирација за книги, опери и филмови, запре во 33-тата година, а ја оплакуваа милиони Аргентинци.

По повод годишнината од нејзината смрт вчера на нејзиниот гроб се собраа граѓаните на Буенос Аирес. Се собраа пред нејзиниот споменик на култните гробишта Реколета за да ѝ оддадат почест.

Евита Марија Перон, попозната по прекарот Евита, беше втора жена на аргентинскиот претседател Хуан Доминго Перон.

Родена е на 7 мај 1919 година како Марија Ева Дуарте. Ја викале „Евита“. Го напуштила своето село Лос Толдос за да ја продолжи актерската кариера во Буенос Аирес. Таму се запознала со идниот аргентински претседател Хуан Доминго Перон. Се венчале многу брзо по нивната средба. Мажот на Евита е избран за претседател веќе следната 1946 година. Стана прва дама на Аргентина со само 27 години.

Во следните шест години Евита се залагаше за работничките права и правото за глас на жените. Покрај тоа што го водеше Министерството за труд и здравје, таа ја основаше и ја водеше хуманитарната фондација „Ева Перон“, како и првата голема женска политичка партија во Аргентина, Женска перонистичка партија.

Почина од рак на матка на 26 јули 1952 година, на 33-годишна возраст.

TRT Balkan / агенции
Популарни