Грција се заканува со блокада на Албанија на патот кон ЕУ / Photo: AA

Властите во Грција се заканија дека ќе ги блокираат настојувањата на Албанија за прием во Европската унија (ЕУ) поради притворањето на политичарот од грчко потекло во Албанија, Фреди Белери.

„Европските шанси на Албанија во потполност зависат од нејзиното почитување на правата на грчкото етничко малцинство“, рече грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во текот на собирот во предградието на Атина, јави новинската агенција АМНА.

Фреди Белери, кандидатот од етничкото грчко малцинство кој се натпреварува за позицијата на градоначалник на Химаре, најјужниот град на Албанија, полицијата го приведе на 12 мај под обвинение за купување гласови.

Неговото апсење ги затегна односите помеѓу Тирана и Атина. Грчката влада вложи протестна нота до албанското Министерство за надворешни работи.

Иако е во притвор од понеделникот, Белери вчера победи на локалните избори.

TRT Balkan / агенции
Популарни