Либанската група Хезболах денес соопшти дека извршила воздушен напад врз израелски воени цели во Тел Авив, Централен Израел, пренесува Анадолу.
Хезболах во соопштението истакнува дека во нападот, кој се случи синоќа, биле вклучени рој борбени беспилотни летала што погодиле израелски воени цели во градот Тел Авив.
Сепак, не даде повеќе детали за нападот, но рече дека подоцна ќе открие информации за таргетираните воени точки во Израел.
Синоќа, дневниот весник „Израел Хајом“ објави дека ракета истрелана од Либан паднала во близина на трговски центар во градот Рамат Ган, источно од Тел Авив, при што настанал пожар на тоа место, а телевизијата Канал 12 објави дека петмина се повредени во нападот.
Весникот „Једиот Ахронот“ објави дека работата на аеродромот „Бен Гурион“ била прекината во моментот на нападот.
Израел е вклучен во прекугранична војна со Либан поради тековната војна на Тел Авив во Појасот Газа, кој кон крајот на септември започна воздушна кампања врз својот северен сосед против, како што тврди, локации на групата Хезболах.
Според либанските здравствени власти, повеќе од 3.500 луѓе се убиени во израелските напади во Либан, речиси 15.000 се повредени, а над еден милион се раселени од октомври минатата година.
Тел Авив го прошири конфликтот со започнување копнен упад во Јужен Либан на 1 октомври оваа година.