Хрватски хуманитарец, кој бил дел од невладина организација која работела во Украина, загина од експлозија на противтенковска мина, соопшти Министерството за надворешни и европски работи на Хрватска.
Од министерството велат дека обезбедена е конзуларна и друга помош на неговото семејство.
„Ја потврдуваме информацијата за смртта на хрватскиот државјанин кој работел за невладина хуманитарна организација во Украина“, рекоа од министерството.
„Конзуларната служба, заедно со Амбасадата во Украина, на семејството му ја обезбедува сета конзуларна и друга помош во рамките на нејзината надлежност.
Според Нови лист, станува збор за 29-годишен загрепчанец кој загинал во вторникот, кога експлодирала противтенковска мина.
Според весникот, загинатиот работел за здружението „За херои“ од градот Днепар, кое доставувало завои и друга медицинска помош на украинските борци.