Од шестмината војници кои завчера беа ранети, тројца се во тешка состојба / Photo: Reuters

Пет израелски војници загинаа, а седум се ранети за време на судирите со оперативците на Хезболах во јужен Либан, соопштија вчера израелските одбранбени сили (ИД).

ИД соопшти дека еден командант на единицата за кучиња Окец, е убиен вчера во судири со оперативците на Хезболах. Во истиот инцидент тешко е ранет војник од 7155-от баталјон на 55-та падобранска бригада.

Четворицата војници, кои загинаа завчера попладне, служеле во бригадата Кармели на 222-от баталјон, објави „Тајмс оф Израел“.

Според првите резултати од истрагата на ИД, неколку оперативци на Хезболах излегле од тунел и фрлале гранати врз војниците.

Војниците возвратиле на оган, но се уште не е познато колку оперативци на Хезболах биле погодени.

Од шестмината војници кои завчера беа ранети, тројца се во тешка состојба.

ИД соопшти дека во одвоени инциденти вчера во јужен Либан, офицер од 77-от баталјон на 7-та оклопна бригада бил тешко ранет во напад со противтенковски наведуван проектил, резервист од 7155-от баталјон на 55-та падобранска бригада бил тешко ранет во борба со оперативците на Хезболах, а офицер од 6226-от баталјон на 226-та падобранска бригада е тешко ранет од шрапнели.

Војниците се евакуирани и префрлени на лекување во болници.

AA
Популарни