Седницата на Собранието на Северна Македонија вчера беше прекината откако двајца пратеници од партијата Левица го нападнаа потпретседателот на Собранието, Горан Мисовски, фрлајќи ги кон него листовите со измените на Деловникот за работата на Собранието и кршејќи ги компјутерот и телефонот пред потпретседателот.
Првично пратеникот Борислав Крмов, кој имаше процедурални забелешки, почна да ги фрла листовите со запишаните амандмани кон потпретседателот Мисовски, по што ги искрши компјутерот и телефонот пред него, а потоа му се придружи и пратеникот Димитар Апасиев, лидерот на партијата Левица.
Единствените двајца пратеници на партијата Левица поднесоа над две илјади амандмани на Деловникот на Собранието, односно според претседателот на Собранието, Талат Џафери, од пратениците на оваа партија се поднесени 2.461 амандман, од кои само 12 се в ред.
Во Собранието на Северна Македонија вчера се одржа 131. седница на која пратениците се изјаснија за амандманите изнесени од пратениците на Деловникот на Собранието, но седницата беше прекинувана неколкупати поради инцидентите предизвикани од Левица, која има само двајца пратеници.
Апасиев продолжи да ги навредува присутните пратеници од позицијата и опозицијата, изјавувајќи дека во Собранието на Северна Македонија нема парламентарна демократија.
Инцидентот во кој пратениците од партијата Левица го нападнаа потпретседателот Мисовски, се случи откако 87 пратеници присутни на седницата не го прифатија нивното барање за повлекување на предлог-деловникот од расправата.