Состанок на Советот за стабилизација и асоцијација Северна Македонија – ЕУ / Photo: AA

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, претседава со 16. состанок на Советот за стабилизација и асоцијација Северна Македонија – Европска Унија (ЕУ) што се одржува во Скопје.

На состанокот учествуваат високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика, Жозеф Борел, еврокомесарот за проширување и соседство, Оливер Вархеји, како и претставници на земјите членки на ЕУ и европските институции.

Од друга страна, освен премиерот Ковачевски, на состанокот учествуваат и вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, министерот за надворешни работи, Бујар Османи, и други владини претставници.

Пред почетокот на пленарната сесија на состанокот, премиерот Ковачевски имаше одделен состанок со високите европски претставници.

Во текот на денот е најавена и заедничка прес-конференција на која свое обраќање ќе имаат премиерот Ковачевски, високиот претставник на ЕУ, Борел, и еврокомесарот Вархеји.

TRT Balkan / агенции
Популарни