Најмалку 174 лица загинаа во нередите на фудбалски стадион во Индонезија, а полицијата интервенираше со солзавец за да го запре судирот помеѓу навивачите.     Фото: АА

Најмалку 174 лица загинаа во нередите на фудбалски стадион во Индонезија, а полицијата интервенираше со солзавец за да го запре судирот помеѓу навивачите.

Повеќето жртви настрадаа во стампедото кога навивачите од домашната екипа на фудбалскиот клуб Арем и ривалот Персебаја Сурабаја се суддрија доцна синоќа откако домашната екипа е поразена со резултат 3:2.

Инцидентот се случи во градот Маланг во Источна Јава, а шефот на индонезиската полиција во провинцијата Источна Јава, Нико Афинта, рече дека уште 180 лица се повредени во нередите.

„Навивачите на ФК Арем упаднаа на теренот, а полицијата интервенираше со солзавец, што предизвика стампедо“, рече тој.

Министерот за спорт Заинудин Амали рече дека властите повторно ќе ја проценат безбедноста на фудбалските натпревари и ќе ја разгледаат можноста да не пуштаат гледачи на натпреварите по овој инцидент.

Снимките од стадионот споделени на социјалните мрежи прикажуваат навивачи, облечени во црвено и сино, како трчаат кон теренот и се судруваат со безбедносните сили. Афинта рече дека меѓу смртно страданите жртви има и полицајци.

Индонезискиот фудбалски сојуз (PSSI) ги откажа сите натпревари следната недела поради трагедијата и на фудбалскиот клуб Арем му забрани да биде домаќин на натпреварите до крајот на сезоната.

AA
Популарни
Оваа страница користи колачиња. Продолжувајќи да ја пребарувате страницата, се согласувате со употреба на колачиња.Политика за колачиња
Прифати