Иранската револуционерна гарда објави дека „воените центри во Израел биле цел на ракетни напади“.
Револуционерната гарда објави соопштение за ракетните напади врз Израел.
Во соопштението се наведува дека операцијата „таргетирала стратешки воени објекти на палестинските територии окупирани од Израел, а целите биле погодени со стапка на успех од 90 отсто и покрај тоа што биле заштитени со екстензивни одбранбени системи“.
Се додава дека цел биле воздушни бази и воени центри каде биле планирани атентати на лидерот на Хамас Исмаил Ханије, лидерот на Хезболах Хасан Насрала и иранскиот генерал Абас Нилфурашан, кои беа убиени во израелските напади во изминатиот период.
Беше нагласено дека операцијата „е спроведена во рамките на правото на самоодбрана и во согласност со меѓународното право и дека секоја агресија од страна на непријателот ќе наиде на разорен одговор“.
Иранската револуционерна гарда претходно објави дека извршила напад врз Израел со десетици балистички ракети.
По лансирањето на ракетата, сирените се огласија низ Израел, вклучувајќи го и Тел Авив.