Секој петти граѓанин на ЕУ вежба помалку од три пати месечно     Фото: АА

Речиси секој втор жител на Европската Унија (ЕУ) никогаш не вежба ниту се занимава со некој спорт. Ова го покажа истражувањето на Евробарометар спроведено меѓу испитаници од државите членки на ЕУ.

Според податоците од истражувањето, бројот на оние кои не вежбаат пораснал за 45 проценти во последните 13 години. Во 2009 година 39 проценти од испитаниците одговориле дека не практикуваат вежбање.

Исто така, секој петти испитаник, односно 17 проценти од анкетираните одговориле дека вежбаат помалку од три пати месечно.

Вкупно 32 проценти од жителите на ЕУ вежбаат најмалку еднаш неделно, а само шест проценти тоа го прават најмалку пет пати неделно.

Постои и географска разлика во склоноста кон вежбањето меѓу испитаниците. Оние испитаници од северните членки на ЕУ вежбаат поактивно. Вежбаат 71 процент од Финците, 63 проценти од жителите на Луксембург и 60 проценти од жителите на Германија.

Со физичка активност не се занимаваат ниту било кога ќе се занимаваат 73 проценти Португалци, 68 проценти Грци и 65 проценти Полјаци.

Истражувањето покажува дека физички активните Европјани се во најголем дел вработени добро образовани и финансиски стабилни мажи.

Поразителен е податокот дека 49 проценти од жените никогаш не вежбаат и споредба со 40 проценти мажи.

Само 13 проценти од луѓето кои на 15 години или уште помлади го напуштиле училиштето, вежбаат најмалку еднаш неделно во споредба со 42 проценти од оние кои барем до 20 година го продолжиле образованието.

Само 22 проценти од невработените испитаници вежбаат еднаш неделно. Од друга страна 45 проценти од менаџерите редовно вежбаат еднаш неделно.

Истражувањето покажа дека е помала веројатноста сиромашните луѓе кои тешко ги регулираат основните сметки да вежбаат редовно, секој ден (20 проценти), за разлика од оние кои немаат финансиски потешкотии од таков вид (36 проценти).

Недостатокот на време е главна причина која испитаниците ја навеле за да го оправдаат фактот дека не вежбаат. Тоа го кажале 41 процент од анкетираните. Оние кои немаат интерес или мотивација се застапени со 25 проценти.

Во текот на пандемијата од Ковид -19 поретко вежбале 34 проценти од испитаниците, 18 проценти целосно престанале да вежбаат, 34 проценти продолжиле да вежбаат со исто темпо, а девет процценти вежбале повеќе.

TRT Balkan / агенции
Популарни