Истражување: Третина Европјани купуваат фалсификати / Photo: Reuters Archive

Една третина од граѓаните на ЕУ сметаат дека е прифатливо да купуваат фалсификувани производи. Најчесто тоа го прават кога цената на оригиналниот производ е превисока. Дури 43 проценти од граѓаните на ЕУ би престанале да купуваат фалсификувани производи кога оригиналите би биле поевтини. Ова го покажало истражувањето на Канцеларијата на Европската унија за интелектуална сопственост (ЕУИПО) во кое учествувале 25 000 граѓани.

Процентот е повисок кај младата популација. Дури половина од младите во ЕУ би купиле “фалц производ” и тие тоа го сметаат за прифатливо. Овие податоци во ЕУ се факт наспроти ставот на 83 проценти од жителите на Европската унија дека купувањето лажни производи е неетичко. Околу 80 проценти од Европјаните сметаат дека зад фалсификатите стојат криминални организации.

Свесно или несвесно купување фалсификувани производи?

Речиси 40 отсто од граѓаните од земјите од ЕУ не биле сигурни дали тоа што го купуваат е оригинал или фалсификуван производ. Истражувањето покажува дека 13 проценти од возрасните граѓани на ЕУ намерно купиле фалсификувани производи во последните години, а дури 26 проценти од граѓаните на возраст од 15 до 24 години го сториле тоа.

Од друга страна само шест отсто од жителите на ЕУ на возраст од 55 до 64 години би купиле лажен фалсификат, а помалку од пет проценти од граѓаните од 65 години или повеќе би купиле лажен производ.

Бугарите најмногу купуваат фалсификати

Според анкетата на Канцеларијата за интелектуална сопственост на Европската унија, најголем процент на граѓани кои би купиле производ кој не е оригинален има во Бугарија. Во оваа држава 24 отсто од луѓето не би имале проблем да не поседуваат оригинал туку фалсификат.

Интересно е дека во првите пет се уште и Шпанија, Ирска, Луксембург и Романија. Во Шпанија 20 отсто од граѓаните свесно би купиле производ кој е лажен. Во Ирска и Луксембург тоа би го сториле 19 проценти, а во Романија 18.

Најмал е процентот во Финска осум отсто, а на второ место се хрватите кои во девет проценти од случаите се изјасниле дека оригиналите не им се прииоритет. Главните причини поради кои Европејците не би купиле фаслификат се кријат во безбедноста и здравјето.

Кристијан Аршамбо, извршен директор на ЕУИПО истакнува дека овие податоци покажуваат дека на националните и европските институции им претстои огромна работа, бидејќи фалсификувањето и пиратеријата предизвикуваат огромни штети кои изнесуваат 83 милијарди евра годишно и предизвикуваат губење на дури 670.000 работни места.

TRT Balkan / агенции
Популарни