Брод на италијанската морнацица ќе ја пренесе втората група на мигранти во новоизградениот прифатен центар на територија на Албанија.
Бродот, со осум мигранти спасени во понеделникот кај италијанскиот остров Лампедуза, се очекува да пристигне во миграцискиот центар во пристаништето Шенѓин, северна Албанија, во четврток.
Минатиот месец Италија ја испрати првата група од 16 мигранти во Албанија, но италијанскиот суд подоцна пресуди дека нивниот престој таму е неважечки, наредувајќи им на властите да ги вратат во Италија.
Судот образложи дека матичните земји на мигрантите не се сметаат за безбедни.
Како одговор на пресудите, италијанската влада, предводена од Џорџија Мелони, усвои нов декрет со цел да се надминат судските пречки во нејзиниот контроверзен договор за миграција со Албанија.
Петгодишниот договор меѓу Рим и Тирана наиде на широки критики од групите за човекови права и невладините организации кои им помагаат на мигрантите да го преминат Средоземното Море.
Тие тврдат дека договорот меѓу Италија и Албанија, кој вклучува офшор притворање на мигранти во земја што не е членка на ЕУ, ги поткопува човековите права и го крши меѓународното право.