Претседателот на Србија Александар Вучиќ денес изјави дека во неделата поминале година дена откако победил на претседателските избори, а дека Србија уште не и вовела санкции на Русија, иако сите тоа го прогнозирале. Истакна дека негов сон е успешна Србија која ќе ги надмине сите замки со кои се соочува.
Вучиќ ова го изјави пред новинарите во Верона, во текот на посетата на штандот „Отворен Балкан“, на прашањето за изјавата на Здравко Понош, дека Србија веќе требало тоа ( да воведе санкции) да го направи.
„Рекоа дека на 3 април ќе воведеме санкции, гледате како тоа изгледа. Пред година и месец дена од судирите сите говореа дека се против санкциите, а јас морав да бидам внимателен. Не можете да му покажете ниту на противникот ниту на другите што правите во секој момент, нешто морате да сокриете. Не сакав да бидам гласен. Од сета таа храброст сите станаа заговорници на воведување санкции. Но тоа е една во милион лаги“, рече Вучиќ.
Тој истакна дека и е многу благодарен на италијанската премиерка Џорџа Мелони бидејќи секогаш е спремна да ги сослуша ставовите на Србија, и кога се во спротивност со ставовите на нејзината влада. Одговарајќи на новинарско прашање за тоа како поддршката на Италија за Србија на европскиот пат се вклопува со невоведените санкции на Русија и недоразбирањата во преговарачките процеси со Приштина, Вучиќ одговори: „Не се вклопува.“
„Италија, како и сите други европски земји кои се на европскиот пат, не сметајќи ги задкавкаските земји и Молдавија, воведоа санкции кон Русија, ние не. За ова разговарав со г-ѓа Мелони во Тирана, а и денес разговарав со неа“, рече Вучиќ. Вучиќ истакна дека ѝ се заблагодарил на премиерката на Италија за поддршката и вниманието што земјата и го дава на Србија и додаде дека очекува Мелони да ја посети Србија пред крајот на годината.
Одговарајќи на прашањата на новинарите во Верона, Вучиќ рече дека тој и премиерите на Северна Македонија Димитар Ковачевски и Албанија Еди Рама, излегле со некои идеи кон ЕУ, бидеќи виделе колку другите земји добиле поддршка.
„Рековме колку се тешки времињата пред нас и денес ја замоливме Мелони во Брисел да ни помогнат, како и билатерално дополнително“, пренесе Вучиќ.