Пожар избувна рано утрово на мостот што ги поврзува Крим и Русија, предизвикувајќи прекин во сообраќајот.     Фото: Социјални мрежи

Пожар избувна рано утрово на мостот што ги поврзува Крим и Русија, предизвикувајќи прекин во сообраќајот.

Снимките и фотографиите од самото место, споделени на социјалните мрежи, покажуваат дека на мостот, кој е најдолг во Европа, се урнал дел од патот.

Пред да избие пожарот, се чула силна експлозија, тврдат очевидците.

Претседателот на Русија, Владимир Путин, наредил формирање државна комисија за истрага, пренесе руската официјална новинска агенција ТАСС.

Советникот на шефот на Управата на Кримската Област, Олег Криучков, изјави дека според првичните податоци, на мостот се запалил резервоарот за складирање на гориво.

„Лаковите на мостот не се оштетени. Уште е рано да се зборува за причините и последиците. Работите на гаснењето на пожарот се во тек“, додаде Криучков.

Михајло Подољак, советник на украинскиот претседател, изјави дека она што се случило на мостот е само „почеток“.

„Сѐ илегално мора да биде уништено, сѐ украдено мора да биде вратено во Украина, сѐ окупирано мора да биде протерано“, објави Подољак на социјалната мрежа Твитер.
Кримскиот мост, познат и како Керчки мост, е патно-железнички мост што ги соединува рускиот град Керч и Крим.

Мостот е отворен во 2018 година, откако Русија го анектираше Крим во 2014 година, територија што претходно беше под управа на Украина, што предизвика воведување санкции кон Русија и влошување на односите со Западот.

AA
Популарни