Израелските сили денеска жестоко го претепаа фоторепортерот на Агенција Анадолу, Мустафа ал Харуф, за време на извршување на своите работни обврски во окупираниот Источен ал-Кудс (Источен Ерусалим), поради што заврши во болница.
Инцидентот се случи кога група Палестинци се собраа на молитва во округот Вади ал Џауз, во близина на џамијата Ал Акса, поради ограничувањата што израелските сили ги воведоа за петочната молитва во Ал Акса во последните 10 недели.
Израелската полиција, која постави барикади во тоа подрачје, најпрвин впери пиштол кон фоторепортерот на АА, Харуф, кој во тој момент го следеше инцидентот, а потоа го собори на земја и го удираше со нозете.
Харуф, кој претрпе тешки удари и се здоби со повреди по лицето и телото, со возило на брза помош е пренесен во болницата Макасид, во Источен ал Кудс.
Израелската полиција го нападна и снимателот Фаиз Абу Румаил кој беше до Харуф.