Според палестинското Министерство за здравство, 387 Палестинци се убиени, а повеќе од 4.450 се ранети на Западниот Брег и Источен Ерусалим од 7. Октомври до 9.февруари / Photo: AA

Од истрели на палестинските војници доцна синоќа е убиен уште еден Палестинец на окупираниот Западниот Брег.

„Маж е убиен во близина на селото Беит Фаџар, западно од градот Витлеем на окупираниот Западен Брег“, се вели во соопштението на палестинската Црвена полумесечина.

Палестинските здравствени официјални лица соопштија дека е убиен 35-годишен маж.

Тензиите на Западниот Брег започнаа откако Израел спроведе немилосрдни воздушни и копнени напади врз Појасот Газа со неселективно бомбардирање на цивилни населби, училишта, верски објекти и болници по неочекуваниот напад од страна на Хамас на 7 октомври минатата година.

Според палестинското Министерство за здравство, 387 Палестинци се убиени, а повеќе од 4.450 се ранети на Западниот Брег и Источен Ерусалим од 7. Октомври до 9.февруари

Според податоците на Обединетите нации, 85% од населението на Појасот Газа се интерно раселени и се соочуваат со акутен недостиг на храна, чиста вода и лекарства, а околу 60% од инфраструктурата во Појасот Газа се оштетени или уништени.

По обвинението за геноцид што го поднесе Јужноафриканската Република, Меѓународниот суд на правдата на 26 јануари пресуди дека Израел мора да се воздржи од какви било активности поврзани со убивање, напади и уништување на жителите на Газа и да ги преземе сите мерки за да спречи геноцид.

Меѓутоа, израелските сили и понатаму продолжуваат со нападите врз Појасот Газа.

Од почетокот на израелските напади врз Појасот Газа на 7 октомври досега се убиени најмалку 28.176 Палестинци, од кои најмалку 12.000 деца и 8.190 жени, а ранети се повеќе од 67.784 лица, објавија здравствените власти на палестинската енклава. Се претпоставува дека под урнатините се наоѓаат илјадници мртви.

Официјалната бројка на загинати во Израел изнесува 1.200, но можно е дел од загинатите Израелци да се жртви на израелската војска која го применила „Ханибаловиот протокол“, кој предвидува елиминација на сопствени гражани и војници за да не бидат заробени од Хамас.

AA
Популарни