Извештај на ОН: Минатата година убиени 81.100 жени / Photo: AA

Според податоците на Обединетите нации (ОН), минатата година ширум светот убиени се околу 81.100 жени или девојки.

Се проценува дека 45.000 од овие жени убиени од страна на нивните сопружници, момчиња или членови на семејството.

Податоците беа објавени во извештајот што заеднички го подготвија Канцеларијата на ОН за жени и Канцеларијата на ОН за дрога и криминал за 25 ноември - Меѓународниот ден за елиминација на насилството врз жените.

Во извештајот е нагласено дека во светот е постигнат мал напредок во превенција на родово поврзаните убиства, но дека во тој поглед треба да се преземат посилни и побрзи чекори.

Истакнувајќи дека насилството над жените и девојчињата е најчесто кршење на човековите права, во извештајот се истакнува дека родово поврзаните убиства на жени и девојчиња можат да се спречат со неопходни чекори.

Во извештајот е наведено дека минатата година намерно се убиени 81.100 жени или девојки. Во последите 10 години не е забележан падот на фемицидот, а повеќето убиства на жени или девојчиња беа родово засновани.

Во извештајот е наведено дека околу 45.000 жени или девојки ширум светот минатата година се убиени од страна на нивните сопружници, партнери или членови на семејството.

Тоа значи дека повеќе од пет жени се убиени на секои 60 минути.

Важно е да се напомене дека бројот на жени или девојки кои биле жртви на убиството на нивниот сопружник, момче или член на семејството минатата година е доста висок во Азија и Африка.

Според извештајот, од 45.000 убиства на жени, 17.800 се забележани во Азија, 17.200 во Африка. Меѓутоа, со оглед на односот на жителите, бројот на жени и девојки кои беа жртви на убиства од сопружниците, момчиња или членови на семејствата беше 2,5 на 100.000 жени во Африка, 1,4 о Америка и 0,8 во Азија.

Пријавено е дека дошло до намалување на фемициди кои ги извршија нивните сопружници, момчиња или членови на семејствата во Европа од 19 отсто во период од 2010-2021 година, но порастот од шест отсто е забележан во Америка во истиот период.

Во извештајот се истакнува дека само 11 отсто од машките жртви на убиства биле убиени од брачен другар или член на семејството, додека стапката за жени била 56 отсто.

Во извештајот на ОН споделена е и информацијата за убиства во текот на пандемијата од коронавирусот. Во периодот 2019-2020 година, забележан е порастот на убиства на жени од 13 отсто во западна Европа, девет отсто во Северна Америка пет отсто во јужна Европа.

TRT Balkan / агенции
Популарни