Во Австрија минатата година се извршени вкупно 5.865 злосторства од омраза, што е седум отсто повеќе во однос на 2021 година, наведено е извештајот објавен неодамна. Photo: Reuters

Во Австрија минатата година се извршени вкупно 5.865 злосторства од омраза, што е седум отсто повеќе во однос на 2021 година, наведено е извештајот објавен неодамна.

Во извештајот, кој го објави австриското Министерството за внатрешни работи, наведено е дека повеќето сторители на злосторствата биле австриски државјани.

Злосторствата од омраза претставуваат 682, отсто од сите злосторства извршени во земјата минатата година, а половина од нив вклучува „нацистичка пропаганда“.

Во извештајот исто така е наведено дека повеќето сторители биле малолетници.

Министерот за внатрешни работи Герхард Карнер рече дека „со превентивна работа со младите можат рано да се препознаат екстремистичките тенденции и да се преземат контрамерки“.

Австриската министерка за правда Алма Задиќ истакна дека злосторството од омраза е една од најголемите закани на единството на демократските општества, додавајќи дека „неодамнешните кампањи и повици на насилство покажаа колку оваа закана е реална.“

TRT Balkan / агенции
Популарни