Калас, која е поранешна премиерка на Естонија, ќе го замени на функцијата сегашниот комесар Жозеп Борел / Photo: Reuters

Кандидатот за висок претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност и извршен потпретседател на Европската комисија, Каја Калас денеска доби зелено светло за извршување на таа функција, по сослушувањето во Европската Парламент, соопшти политичката група Да ја обновиме Европа.

Групата ѝ честиташе на поранешната премиерка на Естонија за одобрената кандидатура и меѓу клучните работи група го споменаа набљудувањето на проширувањето на ЕУ како геостратешка инвестиција која е во интерес на ЕУ.

„Зајакнување на безбедноста и одбраната на ЕУ, справување со хибридни закани и дезинформации, гледање на проширувањето како геостратешка инвестиција во сопствениот интерес на ЕУ, примена на клаузули за човекови права на кохерентен начин на сите меѓународни договори на ЕУ со трети земји и обезбедување за прекршувањата да има последици се исто така клучни за Да ја обновиме Европа“, се вели во соопштението.

Тие, исто така, укажаа на „јасната посветеност на Калас за решавање на итните глобални проблеми на краток рок“, како што е војната во Украина, како и на фактот дека Калас зборуваше за потребата од подобрување на трансатлантското партнерство во контекст на повторниот избор на Доналд Трамп за претседател на САД и продлабочување на односите со Латинска Америка.

За време на сослушувањето пред членовите на ЕП на 12 ноември, Калас рече дека се потребни јасни резултати во следните пет години кога станува збор за проширувањето на ЕУ и рече дека тесно ќе соработува со комесарот за проширување за да се постигне таа цел.

Претходно денеска политичките групи во Европскиот парламент, Европската народна партија (ЕПП), Прогресивната алијанса на социјалистите и демократите (С&Д) и Да ја обновиме Европа постигнаа коалициски договор, со кој се гарантира дека новата Европска комисија ќе започне со работа на 1 декември, дознава Танјуг од извор во ЕПП.

Овие три политички групи постигнаа договор за одобрување на преостанатите седум кандидати за комесари, кои по сослушувањата во Европскиот парламент веднаш не добија зелено светло за извршување на функцијата.

Тоа значи дека покрај Калас, кандидатурите на уште петмина кандидати за извршни потпретседатели на Комисијата - Рафаел Фит, Роксана Минзата, Стефан Сежурне, Хена Виркунен и Тереза ​​Рибера, како и унгарскиот кандидат за комесар за здравје на животните и благосостојба Оливер Вархеји - се одобрени.

Европскиот парламент сега треба да гласа за целиот состав на Европската комисија за време на пленарната седница што ќе се одржи од 25 до 28 ноември во Стразбур, а новата Комисија треба да почне со работа на 1 декември.

TRT Balkan / агенции
Популарни