Најниски стапки на зафатеност на затворите се забележани во Макта, Естонија и Латвија / Photo: AA

Близу половина милион затвореници имало во Европската Унија во 2021 година, но затворите не се секаде подеднакво исполнети. Евростат регистрирал 475.038 затвореници во затворите во Унијата или 106 затвореници на 100.000 жители. По падот на бројот на затвореници во 2020 година, во 2021 година бројот на затвореници повторно се зголемил. Но сепак тоа е вториот најмал број на затвореници овој век.

Зголемен број затвореници во 14 земји

Највисоки стапки на затвореници на 100.000 жители во 2021 година биле регистрирани во Унгарија и Полска по 191, а потоа во Словачка 185. Најниски стапки се утврдени во Финска 51, Словенија 54 и Холандија 65. Во 14 од 26 земји на Европска унија кои доставиле податоци, стапката на затвореници се зголемила во споредба со 2020 година.

Осум земји на ЕУ со пренатрупани ќелии во 2021 година

Во 2021 година, осум земји на ЕУ биле со преполни затворски ќелии, додека 17 земји имаа неисполнети капацитети. Пренатрупаноста се јавува кога стапката на зафатеност надминува над 100 отсто, што покажува дека во затворот има повеќе затвореници отколку што е предвидено.

Каде затворите се пренатрупани?

Стапките на пренатрупаност беа забележани во затворите во Грчката администрација на Јужен Кипар 146, Романија 116, Франција 114, Грција и Италија по 108, Шведска 102, Хрватска и Данска по 101.

Најниски стапки на зафатеност на затворите се забележани во Малта 65, Естонија и Латвија по 66. Во 14 од 25 земји на ЕУ кои дадоа податоци во 2021 година, стапката на зафатеност на затворите се зголеми во споредба со 2020 година, кога намалувањето најверојатно се должи на мерките поврзани со пандемијата со коронавирусот.

TRT Balkan / агенции
Популарни