Канада објави дека ќе испрати повеќе од 800 домашни дронови во Украина.
Во соопштението на канадското Министерство за одбрана беше наведено дека станува збор за беспилотни летала од моделот Скај Ренџер Р70, кои ќе придонесат за одбраната на Украина.
Вкупната вредност на беспилотните летала е повеќе од 70 милиони долари.
Се додава дека беспилотните летала се клучни во собирањето разузнавачки информации и можат да се користат и за транспорт на материјали.
Беспилотните летала ќе им помогнат на украинските војници да идентификуваат кој било извор на топлина од голема далечина, особено во темнина и лоши временски услови.
AA