Зеленски исто така повтори дека клично услови се обновување на територијалниот интегритет на Украина, казнување на секој воен злосторник и гаранции дека тоа нема да се повтори.          Фото: АП архива

Секретарот на Советот за безбедност на Украина изјави дека „главниот услов“ за продолжување на преговорите со Русија ќе биде обновувањето на територијалниот интегритет на Украина.

Украинскиот претседател Владимир Зеленски, исто така, постави услови за разговори со Русија, повикувајќи ја Москва да се придржува до Повелбата на ОН и да плати компензација за загубите предизвикани од тековната војна.

Обраќајќи се на 27. Конференција на ОН за климатски промени преку видеоврска, Зеленски исто така повтори дека клично услови се обновување на територијалниот интегритет на Украина, казнување на секој воен злосторник и гаранции дека тоа нема да се повтори.

Русија и САД со први нуклеарни преговори по конфликтот во Украина

Русија и САД разговараат за одржување разговори за стратешко нуклеарно оружје за прв пат откако Москва испрати војници во Украина, пишува рускиот весник Комерсант, цитирајќи четири извори запознаени со дискусиите.

Разговорите меѓу двете страни за стратешка стабилност се замрзнати откако Русија ја започна својата воена кампања во Украина, иако останува во сила Новиот договор СТАРТ за намалување на нуклеарното оружје.

Разговорите може да се одржат на Блискиот Исток, пишува весникот, додавајќи дека Москва повеќе не ја гледа Швајцарија, традиционалното место на одржување на разговорите, како доволно неутрална откако воведе санкции кон Русија поради Украина.

TRT Balkan / агенции
Популарни