Кина го откри планот за изградба на истражувачка станица на Месечината / Photo: AA

Кина ја претстави големата визија за изградба на лунарна база на Месечината, објавија кинеските медиуми.

Долгорочната Мапа на патот од три фази има за цел формирање на целосно функционална Меѓународна станица за истражување на Месечината (ILRS) до 2050 година, објави дневниот весник на англиски јазик „Саут Чајна морнинг пост“, цитирајќи го Ву Вајрен, главен креатор на лунарната истражувачка програма.

„Со изградба на голема платформа надвор од Земјата за истражување на Месечината и универзумот ќе ја здружиме мудроста на вселенските инженери и научниците од целиот свет, во голема мера ќе го подобриме нашето поимање на лунарната средина и нашата способност за користење на лунарните ресурси и поддршка за сонот на човештвото еден ден да отпатува на Марс и пошироко“, рече Ву на првата Меѓународна конференција за истражување на длабоката вселена во Хефеи.

Ву истакна дека мисијата не само што ќе ја покаже одговорноста на Кина како светска вселенска сила, туку и ќе послужи како модел за „изградба на заедница со заедничка иднина за човештвото“.

TRT Balkan / агенции
Популарни