Италијанскиот министер за одбрана Гвидо Крозето рече дека верува дека е погрешно што Меѓународниот кривичен суд (МКС) издал налог за приведување на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и поранешниот министер за одбрана Јоав Галант, но дека ако и двајцата дојдат во Италија, според меѓународното право, ќе бидат принудени да ги приведат.
Крозето изјави дека верува оти е погрешно што МКС издал налог за приведување на Нетанјаху и Галант и додал:
„Бидејќи сме страна на МКС, ако Нетанјаху и Галант дојдат во Италија, ќе мораме да ги приведеме. Ова не е политичка одлука, туку имплементација на меѓународното законодавство.“
Од друга страна, вицепремиерот и министер за надворешни работи на Италија, Антонио Тајани во својата изјава во врска со одлуката на МКС рече:
„Ќе видиме кои се причините кои го турнаа судот да ја донесе оваа одлука. Го поддржуваме МКС, секогаш потсетувајќи дека судот треба да игра правна, а не политичка улога.“
Оваа изјава на Тајани наиде на реакција на пратениците и сенаторите од пратеничката група на опозициското Движење 5 ѕвезди.
Во заедничката изјава, парламентарците на Движење 5 ѕвезди наведоа дека зборовите на министерот Тајани се шокантни и срамни и потсетија дека високиот претставник за надворешна политика и безбедност на Европската унија (ЕУ) Жозеп Борел потсетил дека одлуките на судиите во Хаг се обврзувачки и за членките на ЕУ.
МКС издаде налог за приведување на израелскиот премиер Нетанјаху и на поранешниот министер за одбрана Галант поради воени злосторства и злосторства против човештвото извршени во Газа.