Кинеската армија не соопшти кога ќе завршат најновите вежби    Фото: Ројтерс

Кина денеска одби да ја исклучи можноста за употреба на сила за обединување на Тајланд со континенталниот дел на земјата, обвинувајќи ги „надворешните сили“ за охрабрување и поттикнување провокативни дејствија од страна на сепаратистичките сили.

Но Пекинг истакна дека мирното обединување и „една држава, два системи се нашите основни принципи за решавање на прашањето со Тајван и најдобар пристап до реализирање на национално обединување“.

„Ние ќе работиме со најголема искреност и ќе вложиме максимални напори за да постигнеме обединување по мирен пат. Но ние нема да се откажеме од употреба на сила и ќе ја задржиме опцијата да ги преземеме сите неопходни мерки“, се вели во последната Бела книга објавена од Канцеларијата за информации на Државниот совет.

„Ова е за да се заштитиме од надворешното мешање и сите сепаратистички активности. Но во никој случај не ги таргетира нашите сограѓани Кинези во Тајван. Употребата на сила би било последното средство преземено под убедливи околности“, се вели во документот.

Пекинг, исто така, сака мирно обединување под една земја, два системи кои ќе „постават нови основи за Кина да има понатамошен напредок и да постигне национална обнова“.

„Во исто време, тоа ќе создаде големи можности за социјален и економски развој во Тајван и ќе донесе опипливи придобивки за луѓето во Тајван“, се додава.

Се наведува дека „Пекинг е подготвен да креира голем простор за мирно обединување; но нема да оставиме простор за сепаратистички активности во каква било форма“.

Последните забелешки на Кина за својата политика на „една Кина“ доаѓаат по посетата на претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси на островот, самоуправа, на помалку од 24 часа минатата недела.

Пелоси го посети Тајван, и покрај предупредувањата на Пекинг дека островот е „отцепена провинција“ и дека нејзината посета е нарушување на политиката на „една Кина“.

Набрзо откако таа замина од Тајпеј на 3 август, Пекинг минатиот четврток започна големи воени вежби кои беа планирани да завршат во неделата.

Кинеската армија не соопшти кога ќе завршат најновите вежби, но истакна дека тие ќе се „фокусираат на напади против подморници и напади воздух-брод“ и блокади во водите во близина на Тајван.

Таа исто така, лансира балистички ракети околу Тајван, од кои некои паднаа во водите за кои Јапонија тврди дека се нејзина ексклузивна економска зона.

Во Белата книга се повторува дека Тајван „ѝ припаѓа на Кина од стари времиња. Оваа изјава има здрава основа во историјата и јуриспруденцијата“.

Осврнувајќи се на резолуцијата 2758 на Генералното собрание на ОН, во соопштението се вели „тоа е политички документ кој го опфаќа принципот „една Кина“, чие законско овластување не остава простор за дилема и е признато низ светот“.

„Ние сме една Кина и Тајван е дел од Кина. Ова е неоспорен факт поддржан од историјата и правото. Тајван никогаш не беше држава; неговиот статус како дел од Кина е непроменлив.“

Се додава дека мирното обединување преку Тајванскиот Теснец „е од корист не само за кинеската нација, туку и за сите народи и за меѓународната заедница како целина“.

AA
Популарни