Кина престана да објавува дневни бројки на новозаразени со коронавирус / Photo: AA

Во екот на порастот на бројот на новозаразени со коронавирусот, властите на Кина престанаа да објавуваат дневни епидемиолошки податоци.

Кинеската Национална здравствена комисија (NHC) последното ажурирање на својата интернет страница го објави во сабота на 24 декември, а вчера соопшти дека дневни информации за епидемијата повеќе нема да објавува.

Одлуката доаѓа во време кога Кина се бори со алармантен пораст на инфекции, а наводно и бројот на смртните случаи пораснал. Претходно месецов, Кинеската национална комисија престана да објавува статистика за асимптоматски случаи во земјата.

Најмногубројната нација на светот исто така овој месец се откажа од својата строга политика на „нула Ковид“ и премина на политиката на лекување на пациенти со потврден случај на инфекција, наместо обиди за спречување на ширењето на вирусот.

Последното ажурирање на интернет страницата на кинеската Национална здравствена комисија откри дека на 23 декември во Кина се забележани 4.128 нови инфекции и ниту еден смртен случај, со што вкупниот број од декември 2019 година достигнал 397.195 случаи и 5.241 смртни случаи.

Меѓутоа, многумина ја доведуваат во прашање веродостојноста на неодамнешните ажурирања на Кинеската национална комисија, особено порани пренатрупаноста во крематориумите во главниот град Пекинг и околните подрачја.

Висок функционер од источната покраина Жеџијанг рече дека дневниот број на заразени надминува милион.Ју Ксинл, заменик на шефот на покраинската здравствена комисија, предупреди дека бројот на случаите ќе остане на високо ниво и по Новата година.

TRT Balkan / агенции
Популарни