Москва тврди дека нападите во Одеса се насочени кон воената инфраструктура   Фото: Ројтерс

Москва тврди дека нападите во Одеса се насочени кон воената инфраструктура и дека нема да влијаат на пратките со жито, за што во минатата недела беше постигнат договор помеѓу ОН, Туркије, Украина и Русија, а кој беше потпишан во Истанбул.

„Нападите немаат никаква врска со инфраструктурата што се користи за спроведување на договорите за испорака на жито. Тоа не влијае и не треба да влијае на почетокот на процесот на испорака“ , рече портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Песков во изјавата дадена за медиумите во главниот град Москва се осврна за потпишувањето на „Иницијативниот документ за безбедна испорака на жито и прехранбени производи од украинските пристаништа“ меѓу Туркије (Турција), Русија, Украина и Обединетите нации (ОН) под покровителство на претседателот на Туркије, Реџеп Таип Ердоган.

Портпаролот Песков, посочувајќи дека се вложени исклучителни напори за да се постигне договорот за испорака на жито, рече:

„Но, треба да почекаме за да можеме да направиме проценка за функционирањето на механизмите создадени според овие договори.“

Тој рече дека ОН треба да го направат она што е во нивна надлежност за индиректните ограничувања на руските производители на жито и вештачки ѓубрива.

„Нема директни ограничувања, но има индиректни ограничувања што спречуваат овие пратки да бидат целосно направени, што се неопходни за меѓународните пазари, особено во регионите каде има глад. Ова е навистина важно“, додаде тој.

Песков, во однос на ракетниот напад на Русија врз пристаништето Одеса на 23 јули нагласи: „Нападите се однесуваат само на воената инфраструктура. Тоа нема никаква врска со инфраструктурата што се користи за спроведување на договорите за испорака на жито. Тоа не влијае и не треба да влијае на почетокот на процесот на испорака.“

Ќе продолжи испораката на гас

Осврнувајќи се на гасоводот „Северен тек“, што предизвикува проблеми меѓу Европа и Русија, Песков рече дека Русија обезбедува енергетска безбедност за Европа и дека не сакаат целосно да се прекине испораката на гас на континентот.

Песков нагласи дека испораката на природен гас ќе продолжи со максимално можно ниво по пуштањето во употреба на турбинскиот мотор за Северен тек, што се очекува да биде испорачан од Канада.

„Турбината ќе биде инсталирана, но има проблеми со други единици. Турбината ќе биде инсталирана и гасот ќе се пумпа на ниво колку што е можно технички“, додаде Песков.

AA
Популарни