Повредени се 31 лице, а се прабаруваат урнатините во потрага по настрадани

Најмалку 13 лица загинаа, а 31 се повредени во напад на украинската армија вчера врз десеткатница во рускиот пограничен град Белгород, административен центар на Белгородската Област, кој се наоѓа на околу 40 километри од украинската граница, соопштија во неделата официјални лица.

Нападот доведе до уривање на зградата, а точниот број на жртви сѐ уште не е утврден.

Се претпоставува дека под урнатините има уште луѓе, соопшти руското Министерство за цивилна одбрана, вонредни ситуации и помош при катастрофи.

Министерството за одбрана на Русија го окарактеризира овој напад во кој беа употребени проектили и ракети како терористички.

Системите за противвоздушна одбрана пресретнале и уништиле неколку украински ракети и артилериски гранати, додаваат тие.

TRT Balkan / агенции
Популарни