Кремљ: Нема можност руските трупи да ја напуштат Украина годинава / Photo: AA


Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека не постои можност руските војници да ја напуштат Украина до крајот на годината.


Песков во изјава за новинарите го прокоментира барањето на украинскиот претседател Владимир Зеленски, Русија да ги повлече своите трупи од територијата на Украина до Нова година.

Истакнувајќи дека Русија нема да се повлече од Украина до Нова година, Песков рече:

„Тоа не доаѓа в предвид.“

Оценувајќи дека Украина треба да ја прифати „реалноста“ за мировни преговори, Песков додаде:

„Украинската страна треба да ги прифати реалностите кои се обликуваа во текот на долгиот временски период. Овие факти покажуваат дека новите региони и се придружија на Русија. Не е можно да се направи напредок во процесот на решавање без земање во предвид на овие факти.“

Запрашан дали до крај на годината ќе биде одржан нов состанок на рускиот претседател Владимир Путин и кинескиот претседател Си Џинпинг, Песков одговори дека двајцата челници во постојан контакт.

„Навистина се подготвуваме за продолжување на овие контакти. Ќе ве известиме кога тоа ќе се случи“, рече Песков.

TRT Balkan / агенции
Популарни