Лајчак за трипартитната средба: Се договоривме за низа следни чекори / Фото: AA (Архива)

Специјалниот пратеник на Европската унија за дијалогот меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак вечерва соопшти дека на трипартитната средба на делегациите на Белград предводена од директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија, Петер Петковиќ, Приштина предводена од Бесник Бисљими и делегацијата на Европската Унија се разговарало за голем број теми и дека страните постигнале договори за „многубројни следни чекори“.

„По повеќе од седум часа завршија средбите со главните преговарачи.

Разговаравме на различни теми со Бесник Бисљими и Петар Петковиќ и договоривме бројни следни чекори“, напиша Мирослав Лајчак на мрежата Х.

TRT Balkan / агенции
Популарни