Германија на Украина и испраќа 14 тенкови Леопард додека руските главно користат Т-90 / Photo: ТРТ Балкан

Повеќе од четири месеци и беа потребни на Германија за позитивно да одлучи по барањата на украинскиот претседател Владимир Зеленски и министерот за надворешни работи на Украина Дмитро Кулеба за испраќање германски тенкови во Украина.

Првите 14 германски тенкови Леопард 2 наскоро ќе пристигнат во Украина. Тенкови Леопард во Украина ќе бидат испратени и од други држави како дел од меѓународната соработка на партнерите од Европа, а меѓу првите кои одговорија позитивно на ова беше Норвешка. Како што е соопштено од Берлин, целта е да се создадат два тенковски батаљони кои ќе дејствуваат во рамки на вооружените сили на Украина.

Во продолжение презентираме дел од најважните карактеристики на Леопард 2 наспроти T-90, тенковите кои најчесто ги користи руската армија во Украина.

Леопард 2

Последната верзија на овој тенк е Леопард 2 А7. На Украина ќе и бидат испорачани тенкови Леопард 2 А4.

Овој тенк има топ со мазна цевка од 120 милиметри. Тежок е 60 тони, а долг 9,67 метри. Висок е 2,64 метри, а широк од 3,77 до 4 метри. Може да делува на оддалеченост од 5 километри.

Дел е од борбени дејствија во движење или мирување. Работи на дизел мотор и достигнува брзина од 70 километри на час или 50 километри на час на оф-роуд терени. Можноста за маневар е една од неговите главни карактеристики. Има голема отпорност на противтенковски мини, гранати и експлозивни направи. Има и компјутерска контрола на огнот и дострелот.

Производството на тенкот Леопард 2 започнува во 1970 година. Во употреба е од 1979 година. Производител на „Леопард 2 А7 е Kraus-Maffei Wegman. До сега се направени 3.500 тенкови Леопард 2. Од нив 2.000 се во Европа.

Т-90

Руската армија во војната во Украина во нaјголем дел користи тенкови Т -90. Овој тенк е создаден врз база на претходниците Т-72 и Т-80. Почетоците на производството на овој тенк се од СССР и деведесетtите години на минатиот век во Уралвангозавод, Нижни Тагил. Од 1992 година разни верзии на Т-90 се дел од руската армија.

Исто како и Леопард, Т-90 има 125 милиметарски топ. Има системска контрола на огнот, надграден мотор, термички регулиран нишан, систем за неутрализирање противтенковски проектили. Создаден е од челик и има композитен оклоп.

Т-90 тежи 46 тони, а долг е 9,63 метри. Висок е 2,22 метри, а широк 3,78 метри. Го придвижува дизел мотор. Во една операција може да делува во распон од 500 километри. Максималната брзина која ја постигнува е 60 километри на час.

TRT Balkan
Популарни