Лидерите на земјите на НАТО се состанаа на Самитот во Вилнус / Photo: AA

Лидерите на земјите од НАТО се состанаа на Самитот на НАТО во Вилнус, главниот град на Литванија.

Финска првпат учествува на Самитот на НАТО како полноправна членка.

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, во својот говор на отворањето на состанокот му честиташе на финскиот претседател Саули Нинисто за неговото присуство на првиот самит.

Лидерите му аплаудираа на финскиот претседател Нинисто за зборовите на Столтенберг.

Столтенберг изјави дека по Финска со вчерашниот договор наскоро ќе ја видат и Шведска како полноправна членка на НАТО.

Тој потсети дека Туркије се согласила да го испрати шведскиот Протокол за влез во НАТО во Парламентот по трилатералната средба меѓу него, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и шведскиот премиер Улф Кристерсон.

Челниците со громогласен аплауз ги поздравија овие зборови на генералниот секретар на НАТО.

Столтенберг, исто така, порача дека лидерите на земјите од НАТО денес ќе потпишат многу важни одлуки, додавајќи дека ќе се зголеми и поддршката за Украина, што ќе го приближи Киев до Алијансата.

Тој додаде дека ќе бидат одобрени нови одбранбени планови на НАТО и ќе се договорат поамбициозни инвестиции во одбраната.

TRT Balkan / агенции
Популарни