Засолништето ќе има систем за вентилација, автономно напојување и резервоар за вода / Photo: www.skhov.com

Градењето засолништа во воени услови станува бизнис во Украина.Луксузни метални подземни засолништа опремени со бањи, кујни, интернет. На ваков проект работат тројца претприемачи од Харков, Украина.

Пред почетокот на војната Александар Чирва, Алексеј Суслин и Тимур Фејзулаев произведувале скари. Идејата на овие тројца сограѓани е знаењето кое го имаат во процесот на обработка на метал да го искористат за изработка на засолништа кои на нивните деца ќе им овозможат понормални услови за време на руските гранатирања.

Идејата била на Чирва чија сопруга не сакала да го напушти Харков. Како што објаснува тој за politico.eu неколку пати се симнале во засолништата, но сметале дека не се сигурни. Биле поттикнати на оваа идеја иако руската војска повеќе ја гранатирала периферијата на градот.

„Сфативме дека сме посигурни зад ѕидовите во ходникот. Ако стариот подрум се урне нема да има излез. Треба да се копа подлабоко под земја. Така ќе бидеме посигурни”, изјави Чирва за Политико.

Два влеза, вентилација, резервоар за вода

Тројцата претприемачи од ова планираат и да заработат. Првата понуда за подземно засолниште (Схов) изнесува 60 000 евра, а планираат понатаму да бидат достапни и за пониски цени.

Според промоторите засолништето ќе има систем за вентилација, автономно напојување и резервоар за вода. Ќе има опремена бања, кујна и спална за тројца. Предвидено е металниот објект да има два влеза.

„Главна цел ни беше се да се стави во компактна целина која лесно може да се транспортира”. Вели Алексеј Суслин за Политико.

Суслин истакнува дека и по војната ваквите засолништа ќе бидат барани.

„Најдобро знаеме како треба да изгледа крајниот производ. Сите имаме деца и живееме во воена зона, знаеме што ни треба нам и на другите кои живеат на линијата на фронтот. Сакаме сите во засолништата да се чувствуваат како дома. Се надеваме дека војната ќе заврши оваа година. Но денеска имаме војна, минатата година имавме ковид, утре можеби нешто друго. Сигурен сум дека моето семејство ќе има заштита долги години”, изјави Суслин.

Инвеститорите на сите заинтересирани преку интернет страницата skhov.com и визуелно им прикажуваат што можат да добијат и како би изгледале засолништата.

TRT Balkan / агенции
Популарни