Макрон во програмите на ектремната левица и десница гледа опасност од граѓанска војна / Photo: AA

Францускиот претседател Емануел Макрон во пресрет на предвремените избори изјави дека програмите на екстремно десничарските и левичарските партии би можеле да ја вовлечат Франција во граѓанска војна.

Првиот круг од предвремените избори ќе се одржи на 30 јуни.

Макрон во подкаст рече дека политичките програми на партијата „Национално движење“ на екстремно десничарската лидерка Марин Ле Пен и екстремно левичарската партија „Непокорена Франција“ може да ја доведат Франција до граѓанска војна.

Тој посочи дека решението што го нуди екстремната десница против прашањето на несигурноста веќе го подели општеството и ја вовлече државата во граѓанска војна.

„Кога сме уморни од сè, кога животот станува потежок секој ден, може да нè привлечат екстремисти кои нудат некои брзи решенија. Сепак, решението никогаш не може да биде отфрлањето на другиот“, рече Макрон.

На изборите за Европскиот парламент, “Национално движење” освои 31,37 отсто од гласовите, а партијата на Макрон, 14,60 отсто.

По објавувањето на резултатите од изборите за Европскиот парламент, Макрон на 9 јуни го распушти францускиот парламент и ја објави одлуката за одржување предвремени избори од 30 јуни до 7 јули.

TRT Balkan / агенции
Популарни