Францускиот претседател Емануел Макрон денеска го повика израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да стави крај на војната во Појасот Газа и да обезбеди враќање на заложниците, соопшти Елисејската палата.
Во телефонски разговор Макрон му рекол на Нетанјаху дека не треба да го условува прекинот на огнот со ослободување на затворениците, пишуваат израелските медиуми.
„Мора да заврши страдањето на Палестинците во Газа“, бил ставот на Макрон.
Тој ја изрази својата поддршка за планот на американскиот претседател Џозеф Бајден за прекин на огнот.
Макрон му изразил сочувство на Нетанјаху откако беше објавено дека во Газа се пронајдени телата на четворица заложници и ја повторил солидарноста на францускиот народ со израелскиот народ.
TRT Balkan / агенции