Масовните престрелки се ретки во Тајланд, иако стапката на поседување оружје е висока     Фото: АП архива

Најмалку 34 лица, меѓу кои и над 22 деца , беа убиени во четвртокот во Тајланд во масовно пукање во дневен центар. Според информациите, напаѓачот е поранешен полицаец кој ги убил сопругата и детето пред да се застрела, соопшти полицијата.

Меѓу жртвите на осомничениот вооружен напаѓач има 22 деца, според првичните информации. Полицијата соопшти дека е отпуштен од службата поради причини поврзани со дрога.

Околу 30 деца биле во центарот кога напаѓачот дошол околу времето предвидено за ручек, изјави официјален претставник на областа Џидапа Бунсом.

„Човекот прво застрелал четворица или пет вработени, вклучително и наставничка која била бремена во осмиот месец“, рече Џидапа.

„Најпрво луѓето мислеа дека тоа е огномет“, додаде таа.

Видеата објавени на социјалните мрежи покажаат како жртвите лежат во локви крв во центарот во градот Утаи Саван во североисточната провинција Нонг Буа Ламфу.

Од Ројтерс велат дека не можеле веднаш да ја потврдат автентичноста на снимката.

Претходно, полицијата соопшти дека е во тек потера по напаѓачот, а владиниот портпарол изјави дека премиерот ги предупредил сите агенции да го фатат виновникот.

Масовните престрелки се ретки во Тајланд, иако стапката на поседување оружје е висока во споредба со некои други земји во регионот, а нелегалното оружје е вообичаено.

Во 2020 година, војник лут поради неуспешниот договор за имот уби најмалку 29 луѓе и рани 57 во вооружен инцидент на четири локации.

TRT Balkan / агенции
Популарни