Барањето на украинскиот претседател Владимир Зеленски да зборува на Самитот на Заедничкиот пазар на Јужна Америка (МЕРКОСУР) што се одржува во Парагвај, не е прифатено од земјите членки.
Според вестите објавени во регионалните медиуми, барањето на Зеленски да се обрати на Самитот нема да се оствари поради неусогласување на владите на земјите членки на МЕРКОСУР.
Раул Кано, заменик-министерот за економски односи и интеграција на Парагвај, на прес-конференција изјави дека нема консензус меѓу членките на Блокот и додаде:
„Не е постигнат договор, нема консензус. Информиран е амбасадорот на Украина во Аргентина, кој се наоѓа во Парагвај.“
Не се споделени какви било детали за тоа кои земји биле За, а кои Против барањето на Зеленски да зборува на Самитот.
Самитот на МЕРКОСУР, кој не се има одржано од декември 2019 година поради ограничувањата на Ковид-19, се одржува во парагвајскиот град Луке.