Меѓународниот ден на кафето е востановен во 2015 година / Photo: AA

Земјите членки на Европската унија минатата година увезле кафе во вредност од 10,6 милијарди евра.

Европскиот завод за статистика Евростат објави податоци за увоз на кафе во 27 земји-членки на ЕУ за 2023 година по повод 1 октомври, Меѓународниот ден на кафето.

Според последните податоци, земјите-членки на ЕУ лани издвоиле вкупно 10,6 милијарди евра за вкупно 2,7 милиони тони увезено кафе.

Минатата година членките на ЕУ најмногу увезле кафе од Бразил од каде се увезени 922 илјади тони.

Следува Виетнам од каде се увезени 652 илјади тони, потоа Уганда со 206 илјади тони, Хондурас со 169 илјади тони, Индија со 118 илјади тони, Колумбија со 113 илјади тони, Перу со 83 илјади тони и Индонезија со 68 илјади тони.

Најмногу кафе увезла Германија, 911 илјади тони, потоа Италија со 625 илјади тони, Белгија со 278 илјади тони, Шпанија со 249 илјади тони и Франција со 184 илјади тони кафе.

Од друга страна, земјите од ЕУ во 2023 година произвеле 2,3 милиони тони печено кафе, со вкупна вредност од 13 милијарди евра.

Секоја година на 1 октомври, љубителите на кафе ширум светот го слават Меѓународниот ден на кафето.

На Меѓународниот ден на кафето, италијанскиот конзорциум за промоција на кафето (CPC) објави дека во светот секој ден се пијат околу 3,1 милијарди шолји кафе.

Меѓународниот ден на кафето е востановен во 2015 година.

TRT Balkan / агенции
Популарни