Активистите на невладината организација Прожето Арка го покрија споменикот на Леонардо да Винчи во Милано со сино ќебе, за да ги потсетат граѓаните дека животот на бездомниците е исто толку важен.
Настанот беше организиран на Пјаца Скала, со цел да се подигне свеста за бездомниците, чиј број од ден на ден се зголемува.
Според податоците од различни извори, во Италија има повеќе од 50.000 бездомници.
Во рамките на настанот, активистите го покрија и споменикот на италијанскиот писател Алесандро Манцоно и принцезата Кристина Тривулцио Белџојозо.
AA