Молдавската претседателка Маја Санду рече дека ќе бидат преземени неопходни мерки на претпазливост во случај на интервенција на Русија против суверенитетот и безбедноста на Молдавија.        Фото: Ројтерс

Министерот за одбрана на Молдавија во вторникот изјави дека земјата може да прогласи состојба на мобилизација доколку борбите меѓу руските и украинските сили се придвижат кон нејзините граници.

Некои руски проектили кои беа истрелани кон Украина поминаа над територијата на Молдавија, изјави Анатолие Носати во интервју за телевизискиот канал ТВР Молдавија.

Подвлекувајќи дека нема гаранција дека тоа нема да се повтори, Носати ги повика западните партнери на Молдавија, вклучително и НАТО, да обезбедат поддршка за обезбедување безбедност во земјата.

Запрашан да елаборира дали ќе биде прогласена мобилизација во Молдавија, Носати рече: „За да се одигра ова сценарио, треба да има сериозни промени на линијата на фронтот во Украина“.

„На пример, ако борбите се приближат до нашите граници, ако има промени во врска со миграцијата во нашата земја од Украина, или ако забележиме мобилизација на воени единици во воената зона, тогаш тоа може да се случи“, додаде тој.

Молдавската претседателка Маја Санду во понеделникот рече дека ќе бидат преземени неопходни мерки на претпазливост во случај на интервенција на Русија против суверенитетот и безбедноста на Молдавија.

AA
Популарни