Моравјецки: Полска престанува да ѝ испраќа оружје на Украина / Photo: AA

Премиерот на Полска, Матеуш Моравјецки, вчера најави дека неговата земја повеќе нема да испраќа оружје во Украина.

Моравјецки го изјави тоа во моментот кога односите со Украина се затегнати поради ембаргото од Варшава на увозот на значително количество украинско жито, објави полската новинска агенција ПАП.

Гостувајќи на приватниот телевизиски канал „Полсат њуз“, Моравјецки рече дека Полска ја поддржува победата над Русија, но не може да се согласи на дестабилизација на полскиот пазар со увоз на украинско жито.

Истакнувајќи ја определбата на Полска да не ја загрози безбедноста на Украина, полскиот премиер рече дека воениот логистички центар во Жешов „ќе продолжи да ја врши истата улога како што е договорено со Американците и НАТО“.

„Не испраќаме повеќе никакво оружје во Украина, бидејќи сега ќе се вооружуваме со најсовремено оружје“, додаде Моравјецки.

TRT Balkan / агенции
Популарни