„Турски тек“ е извозен гасовод составен од две линии - едната наменета за испорака на гас од Русија преку Црното Море до Туркије, а другата наменета за извоз на гас во земјите од јужна и југоисточна Европа / Photo: AA

Руската војска денеска соопшти дека украинските вооружени сили со беспилотни летала во саботата се обиделе да ја нападнат компресорската станица „Турски ток“ во Краснодарската територија.

Сите девет украински беспилотни летала наводно се соборени, а нема жртви или материјална штета, соопшти руското министерство за одбрана.

„На 11 јануари 2025 година, со цел да го запре снабдувањето со гас за европските земји, режимот на Киев се обиде да нападне со девет беспилотни летала врз инфраструктурата на компресорската станица Рускаја во населбата Гај-Коџор (Краснодарска територија), која обезбедува снабдување со гас до гасоводот Турски тек, се вели во соопштението.

При одбивањето на нападот на единиците за противвоздушна одбрана беа соборени сите беспилотни летала, соопштиминистерството.

„Нема повредени меѓу персоналот за одржување на компресорската станица и нема штета, а поради падот на фрагменти од беспилотно летало, мала штета претрпе зградата и опремата на мерната станица за гас“, се вели во соопштението.

Министерството додаде дека компресорската станица „Рускаја“ испорачува гас до гасоводот Турски тек како и обично и дека нема оперативни дефекти.

„Тимовите за одговор при итни случаи на ПЈС Газпром навремено ги елиминираа последиците од паѓањето на отпадот и ја обновија опремата“, се вели во соопштението.

Турски тек е извозен гасовод составен од две линии - едната наменета за испорака на гас од Русија преку Црното Море до Туркије, а другата наменета за извоз на гас во земјите од јужна и југоисточна Европа.

Гасоводот беше пуштен во употреба во јануари 2020 година.

По саботажата на Северен тек, тој останува единствената рута за непречена испорака на руско гориво на европскиот пазар.

TRT Balkan / агенции
Популарни