Над 1.000 регрутирани деца во редовите на терористичката ПКК/ЈПГ во Сирија / Photo: AA

Бројот на деца во редовите на терористичката организација ПКК/ЈПГ во Северна Сирија продолжува да расте, надминувајќи 1.000 минатата година, посочи Туркије, повикувајќи се на податоците на Обединетите нации (ОН).

Вкупно 1.287 малолетници биле дел од ПКК/ЈПГ заклучно со 2022 година, што е трикратно повеќе во однос на претходната година, покажуваат бројките во официјалниот годишен извештај на ОН за децата и вооружените конфликти, се наведува во соопштението на турското Министерство за национална одбрана.

Извештајот објавен на 5 јуни 2023 година покажува дека овие деца се користени од терористичката организација и нејзините ограноци во конфликтните зони во Северна Сирија, посочи Министерството.

Се додава дека според претходниот извештај на ОН, бројот на малолетници во редовите на ПКК/ЈПГ бил 457.

Во својата над 40-годишна терористичка кампања против Туркије, ПКК, која е ставена на листата на терористички организации од страна на Туркије, САД, Велика Британија и ЕУ, е одговорна за смртта на повеќе од 40.000 луѓе, меѓу кои и жени и деца. ЈПГ е сириски огранок на ПКК.

TRT Balkan / агенции
Популарни