Граѓанското движење „Don´t Pay“ (Не плаќам) во Велика Британија објави дека повеќе од 170.000 луѓе не сакаат и не планираат да ги плаќаат сметките за енергија од 1 октомври.
Движењето на онлајн платформата собра повеќе од 170.000 потписи од луѓе кои не сакаат да ги платат сметките за енергија. Движењето, исто така, бара Владата на Велика Британија „да ги намали сметките за енергија на прифатливо ниво“.
Претставниците на Движењето наведуваат дека граѓаните можат да ги остават своите потписи на веб-страницата „www.dontpay.uk“.
Движењето досега собра повеќе од 179.000 потписи од луѓе низ Велика Британија.
Од Движењето објавија дека ќе ги укинат автоматизираните банкарски плаќања за сметките за енергија доколку бројот на поддржувачи достигне еден милион.
Тие апелираа до Владата да воведе „итни социјални тарифи за енергија за да се спречи луѓето да умираат од студ оваа зима“.
Овој потег се појави брзо откако енергетското претпријатие „Офгем“ објави дека горните граници на сметките за енергија во Велика Британија се зголемени за 80 отсто, со што просечните трошоци на домаќинствата за сметки за енергија ќе изнесуваат 3.549 фунти (3.990) годишно.