Најголемиот турски воен брод спремен за испорака / Photo: AA

Најголемиот турски воен брод „ТЦГ Анадолу“ во понеделник ќе и биде испорачан на Командата на поморските сили.

Во Туркије денес е одржана свечената церемонија на потпишувањето на изградбата на уште три воени бродови во рамките на фрегатата од класа ИСТИФ, што е продолжување на проектот МИЛГЕМ за Поморските сили кој го спроведува Дирекцијата за одбранбена индустрија (ССБ).

Претседателот на Дирекцијата на одбранбена индустрија Исмаил Демир на свеченоста потврди дека бродот „ТЦГ Анадолу" ќе биде испорача на Командата на поморските сили на церемонијата во понеделник.

Демир исто така рече дека целта им е оваа година да ја завршат интеграцијата на борбениот авион Бајрактар ТБ3 во „ТЦГ Анадолу“. Тој истакна дека бројни компании исто така работат на развојот на воениот брод, разорувач „ТФ-2000“.

Бродот „ТЦГ Анадолу“ ќе може да ги префрлува единиците со големиа на баталјон на одредена локација со сопствена логистичка поддршка, без потреба за поддршка на матичната база.
„ТЦГ Анадолу“ може да носи четири механизирани возила, две возила за персоналот, уште две помошни возила, како и авиони, хеликоптери и беспилотни летала.

Бродот „ТЦГ Анадолу“ е долг 231 метар и широк 32 метри, а може да превезува товар од околу 27 илјади тони.

Како што е објавено, „ТЦГ Анадолу“ ќе биде многу важен за турската морнарица, посебно со вооружени бесплилотни летала кои ќе бидат распоредени на бродот.

TRT Balkan / агенции
Популарни