Најмалку 14 лица загинаа од последиците предизвикани од земјотресот што пред два дена ја потресе јужноамериканската земја Еквадор.
Епицентарот на земјотресот со интензитет од 6,7 степени е регистриран на 6 километри североисточно од градот Балао, на длабочина од 65,7 километри.
Досега се извлечени телата на 14 лица, а повредени се 446 лица.
Од земјотресот најмногу се погодени градовите Ел Оро и Азуај.
Продолжуваат акциите за пребарување и спасување на луѓето кои се наоѓаат под урнатините.
Според вестите објавени во локалните медиуми, во земјотресот се уништени најмалку 360 згради.
Претседателот на Еквадор, Гиљермо Ласо, ги посети градовите погодени од земјотресот.
Земјотресот е почувствуван и во соседен Перу. Во оваа земја од последиците од земјотресот животот го загуби четиригодишно девојче, а 73 лица се повредени во градот Тумбес, во северниот дел од земјата.
По земјотресот не е дадено предупредување за можно цунами.