Фрлање на помош од авиони претставува вистинска закана за животите на гладните Палестинци, дел од помошта паѓа во морето, внатре во Израел или во воени зони / Photo: AA

Најмалку 18 Палестинци загинаа во вторникот во Појасот Газа, откако се случила погрешка при истоварање на пакети со помош од авион, соопшти владината канцеларија за медиуми на Газа.

Меѓу жртвите се 12 лица кои се удавија во морето во северниот дел на Појасот Газа и шест во стампедо додека се собирале за да добијат помош, се вели во соопштението на канцеларијата.

„Фрлање на помош од авиони претставуваат вистинска закана за животите на гладните Палестинци“, се предупредува во соопштението.

Се вели дека дел од помошта паднала во морето, внатре во Израел или во воени зони.

„Сето ова ги става животите на луѓето во реална опасност“, додаваат од канцеларијата.

Израел воведе осакатувачка блокада на Појасот Газа од октомври минатата година, оставајќи го најголемиот дел од неговото население, особено жителите на северот, на работ на гладување.

Додека Тел Авив ја одржуваше опсадата на енклавата, неколку земји почнаа да фрлаат хуманитарна помош во неколку области во Газа за да се избегне глад на територијата.

Израел изврши смртоносна воена офанзива на палестинската територија по прекуграничен напад на палестинската група Хамас во кој беа убиени околу 1.200 Израелци.

Повеќе од 32.333 Палестинци оттогаш се убиени, а над 74.694 се повредени во услови на масовно уништување и недостаток на неопходни работи.

Во понеделникот, Советот за безбедност на ОН донесе резолуција со која се бара итен прекин на огнот во Газа за време на исламскиот свет месец Рамазан.

Додека Хамас ја поздрави резолуцијата, Израел го отфрли повикот за прекин на огнот и вети дека ќе ја продолжи својата војна против палестинската енклава.

Израелската војна, сега во својот 172-ри ден, турна 85 отсто од населението на Газа во внатрешно раселување поради акутен недостиг на храна, чиста вода и лекови, додека 60 отсто од инфраструктурата на енклавата е оштетена или уништена, според ОН.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата. Привремената пресуда во јануари му нареди на Тел Авив да ги запре геноцидните дејствија и да преземе мерки за да гарантира дека ќе се обезбеди хуманитарна помош за цивилите во Газа.

AA
Популарни